Наслов

Елегии за чист воздух, спортски човеку

"Од ниту еден спортист не треба да се очекува ниту пак да биде приморан да тренира и да се натпреварува во нездрави услови."

Пишува Давид Чернушенко - ветеран во одржливиот развој на спортот - во книгата „Одржливост и спорт” од Џил Савери и Кеит Гилберт, 2011


„Здравјето на спортистите, од младите рекреативци па се до елитните професионалци, треба да биде прв приоритет на спортската индустрија, менаџерските тела, одржувачите на настани, производителите и продавачите на опрема, тренерите и родителите. Но најчесто не е така, и покрај најчесто добро платената услуга.

Ниеден спортски настан не треба да биде доделен на одржувач кој нема да гарантира чист воздух (внатре и надвор), чиста вода и чиста храна за тренирање и натперварување. Поедноставно од ова не може да биде.

Секое одлучувачко тело, клуб, тренер или родител кој го дозволува спротивното е виновен за соучество во загрозување на здравјето на спортистите и треба да одговоара за одлуките кои ги донесува за спортистите.

Ова има огромни и сериозни импликации и токму затоа мора да се потенцира. Ако градот не може да гарантира чист воздух за своите спортисти, тогаш не може да гарантира здрави услови за живеење на своите граѓани.

Дали ова значи дека град со загаден воздух не треба да одржува спортски настани од било каков вид? Да.

Ако спортот е толку важен, тогаш исчистете го воздухот. Направете го приоритет. Направете го топ приоритет. Направете го како принцип на живеење и причина за гордеење.

Замислете ги позитивните наслови: " Градот гарантира дека до 201?'та ни еден граѓанин нема да биде подложен на загаден воздух и сите спортски активности ќе се одржуваат во чист воздух!".

Оваа задача е голема, но што треба да е поважно од спречување на 500.000 смртни случаи годишно низ светот од загаден воздух?

Mоже ли било кој град да гарантира чист воздух? Не сам по себе. Потребна е соработка со соседните градови, индустријата, сите сектори на владата па дури и соседните држави.

Прашањето е: Кој вистински и сериозно ќе почне прв?"

15 Јули 2015

За авторот