Со срце за зелено Маврово

Наслов

Еко-акција за почисто Маврово

Овој викенд преку акцијата организирана од страна на Go Green-Биди Зелен и Ски Центар Маврово насловена како „Со срце за зелено Маврово” сите ние имаме можност да помогнеме во чистењето на нашиот најголем национален парк, да имаме корисно и убаво исполнет ден во природа, а како награда секој ќе добие ваучер за еднодневна ски карта оваа сезона. Одлична можност за општокорисна работа во природа. 

Акцијата е закажана за 02.12 оваа сабота, а во план се осум локации во Националниот парк Маврово (распоредувањето ќе биде пред старт на акцијата): 

1. Детско одморалиште Бунец – кај„Чешма"
2. Пешачката зона од Инфо центарот до Маврови Анови
3. Околината кај Стариот Камп
4. Околината кај Ски центарот и спортските терени
5. Околината кај местото "Бојков Кладенец"
6. Околината кај Црквата "Света Петка"
7. Околината кај местото "Црн Камен"
8. Околината кај Коњаничкиот ранч кај селото Галичник

Организаторот обезбедува и бесплатен превоз на релација Скопје - Маврово - Скопје (местото на поаѓање ќе биде дополнително објавено), а сите волонтери ќе добијат соодветна опрема за чистење, храна, пијалок, и ваучер за дневна ски-карта за Ски сезоната 2018/2019. По завршувањето на акцијата предвидено е и мала забава во Дискотека Ратрак пред заминувањето. 

Целосната програма на денот гласи вака: 

09:00 Скопје (точната локација ќе се утврди) - Поаѓање со автобус кон Маврово;
11:00 Пристигнување во Маврово, распоредување по локации, земање опрема;
12:00 - 14:00 часот – Акција за чистење на отпадните локации;
14:30 - 17:00 часот – „After work" забава во Дискотека Ратрак (храна, пијалок, музика, забава);
17:00 - Заминување од Маврово;

Се што треба вие да направите е да се пријавите на следниов линк или на оваа емаил адреса - greenmavrovo@gmail.com, и да земете учество во една одлична општокорисна работа преку која ќе се исчистат најкритичните точки на еден од нашите најубави предели во Македонија. 

Повеќе информации за акцијата можете да најдете тука

Повеќе информации за Националниот парк Маврово читајте тука 

29 Ноември 2017

За авторот