Еко акција во Охрид на плажата „Св.Стефан“

Во склоп на планираната годишна програма, СНК „Врело” во Охрид на плажата „Св.Стефан” на 03 и 04.06.2017 година ќе реализира еколошка акција за подводно чистење на дел од Охридското Езеро.

Целта е да се допринесе во будењето на свеста кај граѓаните за значењето на заштитата и зачувување на чистотата на водите и заштитата на целокупната околина.

Под наслов „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата”, ова е втора од предвидените десет акции за подводно чистење на водите, под покровителство на медицинската установа Ремедика.

Ги повикуваме сите заинтересирани за заштита и зачувување на животната средина да се вклучат во акцијата, согласно со своите можности, во сабота од 12:00 часот и недела од 10:00 часот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија