Џамлиите на соларниот систем
Откако им збоктисало од сите грешни претстави и пропорции на соларниот систем што досега сме ги виделе, дали по интернет, ТВ или можеби во некој природно-научен музеј, типциве решаваат да репородуцираат до милиметар точен соларен систем во една пустина во Америка со што би добие вистинска слика за оддалеченоста и големината на планетите и сонцето.
Еден од најинтересните моменти е на самиот крај, кога малкуте астронаути кои ја имаат доживеано глетката на малата сино-зелена „џамлија” од вселената ги споделуваат нивните искуства…