Наслов

Добредојдовте во рачно изработениот забавен парк на Бруно

Некаде во зелените шуми на североисточна Италија е сместен забавниот парк Аи Пиопи кој е изграден целосно мануелно и без користење на механизација од едно старо но исклучително интересно типче по име Бруно. Она што не натера да ја разработиме неговата приказна се пристапот кон трпеливото инвестирање и градење на она што се сака, како и еколошкиот пристап во Луна паркот. 

Луна паркот на Бруно претставува целосно еколошки забавен простор кој е изграден комплетно рачно, но и не користи никаква механизација, струја ниту пак енергенси. Сите деца, па и возрасни деца кои сакаат да се забавуваат на над 30-те луна парк машини ќе треба да го мрднат задникот, да се испотат и бутнат за да си го заслужат своето возење.

Биле потребни над 40 години за развивање и изработување на сите овие забавни машини кои денеска се сведок на една убава и искрена идеја вредна за инвестирање. 

06 Декември 2016

За авторот