Хималаите ќе останат без глечери

Наслов

До 2100 година со вакво темпо ќе стопиме сè по список

Светот е во опасност да изгуби две третини од глечерите на Хималаите и Хинду Куш, а со тоа ќе се загрозат повеќе од две милијарди луѓе. Пострашното е тоа што и радикалните промени нема да ги спасат овие круцијални извори на вода.

Photograph: Alex Treadway/ICIMOD - Guardian

Повеќе од 350 истражувачи, 185 организации и редица други активисти и стручни лица во период од пет години работеа на тема глобално затоплување и ефектот на емисијата на гасови врз глечерите на Хималаите. Извештајот, објавен во International Centre for Integrated Mountain Development (ICIMOD)- Непал, содржи 650 страници а главниот заклучок е дека со вакво темпо на затоплување Хималаите би загубиле две третини од своите глечери за помалку од еден век.

Глечерите во појасот Хинду Куш и Хималаите се критичен извор на вода (диретен или индиректен) за повеќе од 1,5 милијарди луѓе во подхималајскиот регион, а за 250 милиони луѓе тие се директен извор на вода за пиење. Исто така тие се главен извор на вода за некои од најголемите реки на светот како Инд, Ганг и Меконг што пак значи дека посредно снабдуваат добар дел од светот со вода, храна, енергија.

Со ваков тренд до 2100 години од глечерите би останале само голи карпи. Дури и да се оствари амбициозниот Договор од Париз, со кој државите се обврзаа да дејствуваат во насока на лимитирање на глобалното затолување на 1.5 степени целзиусови, сепак барем половина од мразот во овој регион ќе се стопи.

April 1976: The Himalayas in Nepal. (Photo by Ernst Haas/Ernst Haas/Getty Images)

Глечерите на Хималаите уште се нарекуваат и „Третиот пол” бидејќи држат најмногу мраз надвор од деловите на Арктикот и Антарктикот. Се претпоставува дека се настанати пред околу 70 милиони години, а истите се од витално значење за целата планета. Тие се екстремно чувствителни на промена на температура а нивното исчезнување би имало катастрофални последици од економска, еколошка и социјална димензија.

Извештајот вели дека за да се намали загадувањето и да се заштити регионот од штетните издувни гасови потребни се 4.7 милијарди долари годишно до 2030 година и 7.8 милијарди долари до 2050 година.

06 Февруари 2019

За авторот