Децата од Хрватска започнаа соларна револуција

Над 3000 ученици од 72 училишта се вклучиле во играта “Кровови на Сoнце” направена од „Гринпис Хрватска”. Ја скенирале целата држава и означиле преку 250.000 кровови каде може да се инсталираат соларни панели и колку енергија тие би произведувале. 

Играта во која биле вклучени училиштата од Хрватска е дел од националниот натпревар кој го направиле Гринпис Хрватска, со главна награда соларен киоск за училиштето кое ќе биде најактивно во обележувањето на соларни кровови низ Хрватска. На следново видео од Гринпис Хрватска можете да погледнете како тоа изгледа.