Наслов

Богатството на пластиката

Што може еден човек да направи за подобро утре на сите? На кратко - многу работи. Но не е едноставно, ти треба едноставното да го создадеш. Во овој случај, 1 дизајнер создава 4 домашни машини за рециклирање пластика кои можат да се направат од секој и секаде во светот. После 100 дена планот за машините е споделен преку 65 илјади пати.

Дизајнерот е од Холандија и се вика Дејв Хакенс. Тој согледал колку сме презаситени со пластично ѓубре, ама приметил и дека не постојат машини за обичните луѓе да ги користат за директно да ја рециклираат пластиката. Машините за рециклирање се само во големите рециклирачки компании. 

Дизајнер како дизајнер ќе се заинати и најде одговор на ваков проблем. И би "Precious Plastic" или на нашки "Драгоцена Пластика". Сет на "направи сам" домашни машини со кои секој може да го претвара пластичниот отпад во корисни предмети или во суровински материјал.

Машините се толку едноставни што можат да се направат во домашни услови со универзално достапни материјали и алати за работа.

Сите потребни планови, детални упатства и инструкции се "open source" што значи слободно можат да се симнуваат и да се користат за да си создадете своја работилница, но и да го споделите знаењето за нив со други лица.

Кога веќе машините се направени, може да се експериментира, да се создаваат и произведуваат нови производи што ќе ни користат во животот. Тегли, садови, вазни, кошници, ламби, рачки, кофи, кутии и се друго што може да ви истекне. Пластиката исто така може да се преработи во гранули или филамент за 3Д машини за принтање. 

Сликата подолу покажува каде се се проширила приказната за Precious Plastic во изминативе 100 и кусур дена. Што мислиш, кај нас, ни требаат ли алатките за да рециклираме полесно и повеќе? Ако е да, сподели ја информацијата...

Веб адресата е preciousplastic.com

06 Јули 2016

За авторот