Автомобилски ужас во Кина

Како целосна спротивност од оваа статија во која Копенхаген одржува лекција за екологија и екологичен транспорт, доаѓа веста за огромна автомобилска гужва близу Пекинг. Ова ги доловува ужасните размери на бројот од автомобили во светот. 

Илјадници луѓе беа заглавени на еден од автопатите во близина на Пекинг во период на големи национални празници во државата кога огромен број на луѓе и се очекуваше да патуваат. 

Сето ова се има случено откако настанала промена во системот на наплатните рампи односно имало намалување во бројот на патарини на автопатот со што возилата од приближно 50-те коловозни ленти морале да се згужваат во околу 20. 

Ова е само мал приказ на големината на автомобилската индустрија која има огромно влијание врз нашата животна средина. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија