Наслов

Алчноста што ја јаде охридската убавина

Една дефиниција вели: убавината е величина која добива вредност со текот на времето. Охридско езеро според оваa дефиниција е едно од најубавите природни места во светот, со историја од 4 милиони години. Дали ќе остане така ?

За жал, од сета таа убавина сега може да остане само еден базен опкружен со хотелски комплекси, како што кажува проф. Талески на краткиот репертоар од балканската Алџезеира посветен на огромните проблеми кои демнеат над Охрид и Охридско езеро.

Од разочарани туристи кои гледаат како се гради врз самиот археолошки локалитет, до мноштвото еколошки предупредувања за спорните проекти со кои се уништуваат природните богатства на самото езеро и националниот парк Галичица, Охридскиот регион е под закана да ја изгуби таа убавина со која постана светско културно наследство и дел од 35 локации во светот кои се заштитени според природните и културните критериуми на Унеско.

Веќе се очекува посета на комисија на Унеско за проценување на состојбата и да се донесе одлука дали Охрид ќе остане на нивната листа на заштитени подрачја.

Ако сте загрижени и не ви е сеедно за Охрид и Охридско, подржете ја кампањата "Едно е вредно е" и потпишете ја онлајн петицијата која веќе ја имаат потпишано скоро 18 илјади луѓе.

Можете да ја следете кампањата и да се информирате на следната facebook страница.

Бидете активни другари и другарки оти едно е и највредно е!

13 Октомври 2016

За авторот