Чифт витални факти

Бидејќи се витални, а и нема да ви зафаќаат многу место од Вашиот мек „тврд” диск, добро е да се знаат.

– Витамин е органска компонента потребна како нутрициенс во многу мали количини за одреден организам

– Зборот „аскорбинска” од аскорбинска киселина (генеричкото име на витаминот Ц) значи „без скорбут”

– Терминот витамин за прв пат станува популарен во раните 1800ти како кованица од зборовите “vital” и “mineral”, иако самото значење на зборот витамин е развиено подоцна.

– Витаминот А ја има првата буква од азбуката бидејќи е прв откриен.

– Витамините се класифицираат како растворливи во вода и растворливи ви масти. Постојат 13 витамини, 4 растворливи во масти (К,А,Д и Е) и 9 растворливи во вода (8 Б витамини и витаминот Ц).

– Витаминот Ц помага во намалување и превенирање на распаѓањето на клеткитe. Тој е битен антиоксиданс кој е витален за продукцијата на колаген и помага во апсорпцијата на железо.

– Витаминот Е е моќен антиоксиданс кои ја спречува клеточната дегенерација предизвикана од слободните радикали.

– Витамин Д (ергостерол) помага во градењето на забите и коските, го зајакнува нервниот систем и помага во непреченото згрутчување на крвта.

– Витаминот Е исто така ја заштитува кожата од штетните УВ зраци.