Турчинов е малер?! Ма јок

Ајдин Ирмак, се вика Турчинот којшто и покрај неговото тотално неискуство и малиот милион малери кои го следат успева по втор пат да го качи кровот на светот. Па и малерот нашол со Турчин од Њујорк да си има работа!

Првата приказна е од оваа година каде Ајдин по втор пат беше на Еверест и за време на неговиот престој се спријателил со шерпасите кои учествувале во физичката пресметка со Моро, Ули Штек и Џон Грифит. После случката Ајдин тврди дека бил поканет од шерпасите да се качува на врвот и на 10 мај по втор пат го искачил Еверест и безбедно се симнал, и тука нема ништо неспецифично. Но далеку поинтересен и понеспецифична е втората приказна која се одигра за време од првиот престој на Ајдин на Еверест.

Имено, Турчинот имаше целосно откачена идеја да стане првиот човек кој ќе го искачи својот точак заедно со себе на кровот на светот. Тој не посочил некоја посебна причина зошто го носи неговиот точак, не го правел тоа за слава, туку напротив бил тотално повлечен и не се дигало многу прашина околу него.

За време на качувањето ентузијастот кој имал оскудно планинарско искуство, нормално, имал бројни проблеми. За прв пат се сретнал со дерези (крампони за на снег и мраз), а за време на аклиматизационите ротации до камп 1 си ја заборавил јакната и морал да се враќа до Базниот камп.

Поради проблемите со дозволата и фактот што човекот имал едвај трошка планинарско искуство, Ирмак не беше во можност да го направи подвигот и мораше да го остави својот велосипед во камп 4 до каде што му беше дадено дозвола за качување со неговиот велосипед.

Се случило што се случило, и по перипетиите со неговиот точак, на 21ви мај 2012 година Ирмак решава да го качи врвот пеш и без неговиот најомилен спортски елемент.

Тој тргнува сам бидејќи неговиот Шерпа не прифаќа да се качи со него на врвот (најверојатно заради психофизичката спремност која Шерпата ја забележал кај Ајдин). Сепак, тој успева да се искачи, но на симнувањето застанува на Балконот (The Balcony) и поради слаба оксигенација губи свест.

Следно што гледа е лицето на Надев Бен Јехуда, 24 годишен израелски планинар кој заедно со неговиот Шерпа биле на пат да го освојат врвот. Во сезона на качување, пред врвот на светот настануваат големите гужви од планинари кои сакаат да се качат и ситуацијата е комплицирана.

Надев, на 250 метри од врвот се откажува од шансата да стане најмлад Израелец кој го качил Еверест и решава да му помогне на непознатиот човек кој лежел на снегот. Го буди Ајдин, и од тогаш двајцата се нарекуваат себеси „браќа“.