BigFoot – тренинг во природа

За сите оние кои сакаат малку промена во нивната дневна тренинг рутина, бујрум на солиден тренинг во природа.

 

Bigfoot е новоформирана група која организира одржување на тренинг сесии под отворено небо. Предводена е од Огнен Бражански и Костадин Јакимовски и во содржината таа инкорпорира блага доза на планинарење и функционален тренинг кој вклучува кардио вежби заедно со вежби со сопствена тежина и руско ѕвоно, сето тоа на чист и свеж воздух.

Турата се одржува преку викендите и опфаќа лесно пешачење од средно Водно до Детското одмаралиште каде се прави функционалниот тренинг предводен и под надзор на Огнен и Коста.

Групата е отворена за секого, ќе има одржување на тренинзи секој викенд, а можни се и тури преку недела и на кањонот Матка. Секој тренинг ќе биде договорен и објаснет на Фејсбук групата каде може да најдете дополнителни информации.

Галеријата од првиот тренинг може да ја погледнете тука.