Веган, ама не целодневно

Нутриционистичкиот колумнист за Њујорк Тајмс, Марк Битерман го промовираше новиот концепт за поздрава исхрана во текот на денот. Според него, да си веган и пола ден брка голем дел етичка, еколошка, но и здравствена работа.

Концептот на “part-time vegan” е опишан во новата книга на Битерман, Vegan Before Six (VB6), каде во главно авторот сака да ги поттикне читателите да ја намалат консумацијата на месо и месни производи, па макар и пола време од денот.

Во книгата, огромен акцент е ставен на позитивното влијание кое и малите промени во диетата на човекот би можело да ги направи врз здравјето на планетата, затоа што всушност, консумацијата на сточни производи е една од главните причини за глобално затоплување преку трошењето на огромна бројка на ресурси потребни за нивното растење (вода, енергија, итн.)

Сепак, авторот е најубедлив во објаснување на здравствените бенефиции кои оваа диета би можела да ги донесе на оние кои ја користат. И самиот тој ја опишува неговата претходна состојба кога бил преку нормалната телесна тежина, пред закачување на дијабетес, имал апнеа во текот на ноќта и имал зголемени вредности на холестеролот, но по 4 месеци од инкорпорирање на диетата голем дел од овие знаци се поправиле на подобро.

Концептот на диетата е едноставен. До 6 часот попладне дозволено е јадење стриктно на веганска исхрана. Тоа значи, нема јајца, месо, нема млеко, млечни производи, туку стриктно здрави растителни продукти, како полнозрнести житарки, многу овошје и зеленчук.

Додека за вечера, односно после 6 часот попладне, дозволено е јадење на месо и уживање во некоја чаша пиво или вино.