Различниот професор по физичко

Загубените тинејџери на овој американски колеџ имаат тешка среќа што го имаат токму овој професор по физичко кој ја има исклучително мотивирачката приказна за љубовта кон трчањето и трансплантацијата на бубрег.

Коби Џакобус е професор по физичко во американски колеџ и никогаш во неговата професорска кариера тој не натерал некоја група на деца или поединец да вежба, трча или што и да е без тоа и самиот тој да не го направи. 

За децата ова делува позитивно бидејќи Коби го има мотивациониот Еверест во неговата животна слика. Кога самиот тој бил на колеџ, претставувал страшно спремна атлета на сите полиња, особено на трчањето, но по еден систематски преглед, сите резултати од бубрезите покажувале кон недостаток на функција на истите. 

Неговиот татко претставува соодветен донор и тој го одржува Коби на спортските патеки. После операцијата, маратон за 2:40, трчање на Алпите, 30 километарска трка со 2,700 метри висинска разлика и уште многу мотивација за сите негови сегашни и идни студенти и ученици.