Пикантни јајца во тегла

Една идеја повеќе за тоа што да правите со залихите од вашите велигденски јајца. Одличен рецепт што можете одложено да го конзумирате како пикантен додаток со останатите оброци. 

 
  • 15 јајца (во зависност од теглата)
  • 500мл јаболков оцет
  • 500мл вода
  • 1 лажичка крупна морска сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 кесиче бибер во зрно
  • 1 лажичка цимет
  • 5-6 листови лорбер (дафинов лист)
  • лути пиперчиња или буковец 
 

Пoдготовка

1. Оцетот и водата со сите додатоци се доведуваат до точка на вриење, а потоа се тргаат малку настрана да оладат.

2. Варените јајца се лупат и нежно се редат во теглата.

3. Наредно се полеваат со малку разладената маринада.

4. Се конзумираат по 2-3 дена и се супер пикантни.

5. Ако не ги изедете сите, стојат и подолго време.