Како силата е поврзана со големината на мускулите

Дали е возможно да сте силни и без да имате голема мускулна маса???

 

Генералното мислење дека ”поголеми мускули е еднакво на поголема сила” изгледа и не е баш така пропорционално, тврди доктор Роберт Буреш, професор на Универзитетот во Кенсо, на одделот за Физички науки и спортски менаџмент.

Со други зборови, ќе бидете силни доколку имате повеќе мускулна маса (поголем напречен пресек), но не значи дека ќе бидете и 100% посилни ако имате 100% повеќе мускули.

Честопати луѓето кои почнуваат со тренинг програми кои вклучуваат поголеми тежини со цел да предизвикаат мускулна хипертрофија можат да забележат првично огромно зголемување на силата, но не и во големината на мускулите. Секоја индивидуа се развива различно. Некои за 12-15 недели можат да ја зголемат силата за 25-30% и повеќе, додека многу помалку ќе напреднат во зголемувањето на мускулната маса.

Тоа се случува бидејќи зголемувањето на иницијалната сила е воглавно невромускулна. Вие всушност го тренирате вашиот мозок поефикасно да комуницира со вашите мускули со тоа што првично ќе се зголеми брзината, издржливоста и невро мускулната координација за мобилизација на што поголем број на мускулни влакна во одредено движење односно вежба.

Па тогаш што ќе се случи ако продолжите со силовиот тренинг? Ќе станете посилни, и нешто поголеми. Зголемувањето на силата е многу посигурна бидејќи за зголемување на мускулната маса важна улога игра и генетиката. Луѓето кои имаат висок процент на брзо-скратувачки мускулни влакна (бели-тип 2) имаат поголем капацитет да продуцираат повеќе сила. Овие мускулни влакна исто така имаат и поголем потенцијал да се зголемат.

Од предходно наведените факти може да се заклучи дека е возможно да се стане посилен и без да се има огромна мускулна маса. Но скоро неверојатно е да се биде набилдан а слаб, бидејќи големите мускули секогаш имаат огромен силов потенцијал.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија