Фитнес камп
Инвестирајте во здравјето и во предизвикот.
Ова е мото на мојот фитнес камп кој го почнувам се со цел да промовирам здрав начин на живот и секако да дадеме резултати на луѓето.
Кампот за почеток ги поканува сите заинтересирани на 21 дневна програма каде што ќе направиме салото да плаче.
Што чекате време е 🙂
Фитнес камп е моја идеја од кога сакав да почнам да се бавам како фитнес тренер.
Во основа тоа е камп каде што се вежба цело тело и се практикува вежбање со сопствена тежина,TRX suspension tranning,јаже,скала за агилност и многу други вежби за подобрување на кардиоваскуларниот систем,подобрување на снагата и намалување на мастите.
Кој може да се вклучи во кампот?
Во кампот може да се вклучи секој што има потреба од подобрување на своето здравје,фунционална снага и кардиоваскуларниот систем.
Зашто фитнес камп?
-Затоа што нуди ефективен тренинг кој трае кратко 30-45 мин
-Затоа што нуди резултати
-Затоа што ефективно се слабее и се одржува тежината
-Затоа што е предизвикувачки,групно и забавно
-Затоа што ќе ве натера да инвестирате во себе и ќе заштедите на време и пари потрошени по разни реклами што нудат брзи решениа
-Затоа што се чувстува единство и задоволство кога ќе бидеш испотен и си завршил една обврска во денот
-За разлика од другите аеробични тренинзи кои нудат само топење и зголемување на кардиоваскуларниот систем,фитнес кампот нуди подобрување на изгледот,мени за исхрана,подобрување на инсулин сензитивноста,подобрување на холестеролот и намалување на ризикот на остеопороза и секако голема забава со предизвикувачка програма.
Речи не на Јо-Јо и не ефективни диети
Луѓето констатно се на диета и секогаш го добиваат тој јо-јо ефект кој на крај резултира да биде полошо од почетната точка и луѓето наместо да направат нешто се ослонуваат на различни препарати и тој круг се врти се дур не најдат некое трајно решение за ослободување од вишокот килограми.
Вишокот телесни масти е поврзан со дијабетис,кардиоваскуларни болести,остеопороза,проблеми со кичмата и стоењето,зголемување на лошиот холестерол и разни други болести поврзани со не активност и не здрав начин на исхрана.
Затоа ви нудиме решение запишете се и не чекајте ќе биде забавно и предизвикувачки.
А денес кој не сака предизвик.
Повеќе информации за термини и прашања на групата :
http://www.facebook.com/groups/bootcampkej/