Активна маса а не телесна тежина е фактор за здравје
Во последно време многу луѓе препорачуваат работи според телесната тежина. А што правиме ако човекот е 150 килограми со 50% телесни масти? Тогаш човекот ќе јаде 300 грама протеини? Фактор за здравје треба да биде активна маса составена од (мускули,коски,вода,гликоген).
Пример 1
Имаме двајца мажи со иста висина 185 см, различна тежина односно 70 килограми и 90 кг и процент на телесни масти 5% и 25%. Нивните тела дефинитивно ќе имаат видливи визуелни разлики, со облека едниот може да помине за слаб, а другиот за полничок. Лесно се пресметува дека активната тежина на двајцата е речиси еднаква, односно 66.5 кг и 67.5 килограми. Инаку кажано, тие имаат еднакво количество мускулна маса, а вториот е покриен од солиден слој масти.
Пример 2
Имаме две жени со иста висина 165 см, тежина односно 50 килограми и 60 кг и процент на масти 20% и 15%. Првата жена може погрешно да биде сметана за тело во добра здравствена состојба, но всушност активната маса на нејзината тежина е 40 кг, што е премалку. Додека втората жена може да биде набедена за прекумерна тежина, што е штетно за здравјето, но всушност нејзината активна тежина е 51 кг, што е одлично од здрава перспектива, во комбинација со само 15% масти.
Заклучок :: Важно за здравјето е активното тежина
Од кажаното станува јасно дека вкупната тежина на телото има релативно значење. Ако сакате да симнете килограми – вадете масти, а ако сакате да качите – накачете маса во мускулите, органите и коските. Важно е активната тежина, чие зголемување доведува до забавување и елиминирање на голем број дегенеративни болести, едно од кои што се повеќе е причинител на масовната остеопороза.