Фудбалски класици- Руд Гулит

Портокалов дрес, суканици и бркче се доволно инфо за еден од оние кој никогаш не можете а да не ги препознаете, па дури и да седите на последниот ред столчиња на Ноу Камп. Од Хаарлем до Милано високиот Суринамeц по татко и Холанѓанец по мајка а воедно и фудбалериште по вокација остави длабока трага во фудбалската историја на холандскиот и светскиот фудбал.