Одењето се покажа поздраво од трчањето

Да се разбереме, двете активности имаат позтивен ефект врз здравјето, само што на истата енергетска потрошувачка одењето испадна дека дава повеќе здравствени полезности од трчањето.

Брзото одење поефективно ги намалува шансите за срцеви заболувања од трчањето кога енергетската потрошувачка од двете активности би била еднаква, вели една нова студија. 

Истражувањето направило компарација помеѓу 33,060 луѓе кои трчаат и 15,045 луѓе кои одат, или брзо одат за рекреација. Испитаниците биле следени 6 години и секогаш тестовите биле правени врз еднаква калориска потрошувачка од активностите. 

Испаднало дека, трчањето ги намалува шансите за срцеви заболувања за 4,5% додека одењето за 9,3%. Во намалување на ризик факторите кои доведуваат до срцеви проблеми, одењето исто така води. Трчањето го намалува крвниот притисок за 4,2% додека одењето за 7,2%.

И кај намалување на холестеролот одењето дава подобри резултати со 7% спрема 4,3% од трчањето.

Како и да е, крајната линија е дека и двете активности се полезни за нашето здравје, само што сега луѓето кои се „вадат“ на одредени оправдувања дека немаат време за вежбање, нема да ја имаат можност за правдање бидејќи за долгорочно вложување во нивното здравје потребно е само малку побрзо да прошетаат.