Сексуалноста и велосипедизмот

Ако и на крај памет ви текне да помислите дека сите точкаџии и точкаџики имаат проблеми со намалена сексуална осетливост, тогаш логично е да заклучиме дека Вие не возите точак и нормално не сте го доживеале тоа што љубителите на велосипеди го уживаат.

Ако пак упорно ја сожалувате нашата сексуалност тогаш помислете на наталитетот на кинезите каде 90% уживаат во ова превозно средство.

Дефинитивно нема научни докази за пореметената сексуалност поради возење на велосипед, но бенефити има за машала. Ако само малку помислиме во каква стисната или стегната положба со редуцирана прокрвеност се нашите сексуални органи седејќи со часови на работа или дома веднаш ќе ни бидат јасни придобивките.

Забрзаната циркулација со јака кислородна заситеност е основата за добар кардиоваскуларен систем потребен за добар и долг секс. Добро истренирано срце може да испумпа дури и за 50% повеќе крв во една срцева акција.

На друга страна пак, зголемениот метаболен ефект на сексуалните органи води до зголемен сексуален нагон. Две до три неделни дози за неколку месеци ќе ги зголемат вашите сексуални побарувачки за 30%. Една од четри жени доживува сексуална возбуда при вежбање, а да не зборуваме за возење на точак.

Добро сторена мускулеста фигура со цврсти мускули пред сè на долните екстремитети, задникот и долниот дел на грбот се машината во сексот. Нема лекција од венерините фигури што не можете да ја реализирате, се разбира ако ви се погоди и партнерот, партнерката. После доволна долга доза на возење точак се зголемува и нивото на хормонот ендорфин со што значително се зголемува чувството на задоволност и возбуда.

Вашата сексипилност ќе биде на завидно ново, ќе се чувствувате задоволни, секогаш расположени и спремни за акција.