Рурални спортови

Тасмански ѓавол со лопата

Ако ништо друго не знаете за Тасманија, освен тоа дека од таму потекнуваат оние малите месождерни торбари, еве уште еден факт кои би можел да ве направи поинформирани, а не е главниот град или локацијата на која се наоѓа. Во гратчето Фингал редовно се оджува Светскиот Шампионат во лопатарење на пола тон јаглен.  

Бидејќи Австралија е огромен извозник на јаглен, традицијата за ринење со лопати е широко распространета. Секој март, градот Фингал ги собира најдобрите лопатари на јаглен од целиот свет каде се натпреваруваат во фрлање на пола тон јаглен во скип кој е наместен на еден метар од земјата. Оваа година се одржа 32риот собир.

Главната награда е сребрена лопата!

На фестивалот се одржуваат и доста други физички натпревари како цепење дрва, фрлање стог сено во височина, шишање овци итн.