Њујорк продолжува да цуца гигантски газирани сокови

Банот кој требаше да ги илегализира огромните газирани сокови и засладени пијалоци падна на суд.

Њујорчани ќе може на раат да продолжат да си шмукаат гигантски количини на растворени шеќери, бидејќи законот кој требаше да се донесе забрана за продавање на зашеќерени сокови од над пола литар падна на суд.

Законот се однесуваше за продавање на ваков тип на пијалаци во ресторани и фастфуд сендвичари кои продаваат готова храна.

Ова беше втората мерка која градоначалникот на Њујорк, Блумберг, кој сакаше да ја превземе, откако пропадна планот за оданочување на овие видови пијалоци. Огромните сода компании жестоко се бореа по судовите, а воедно беа поддржани и од огромна маса на приврзаници, така што на крај успеаа да издвојат победа.