Солено соѕидана пастрмка

Ниско-калорична риба и додаток од маслинки спремени по дома. Одличен избор за здрав протеински оброк.

 
  • 300-500г златна пастрмка
  • 1/2кг крупна морска сол
  • 2 белки од јајце
  • За додаток од маслинка:
  • 50г маслинки
  • коцка путер
    1 децилитар маслиново масло
  • 1/2 лимон
  • 4-5 чешниња лук
  • 1 децилитар бело вино
    сол и бибер според вкус

 

Подготовка

1. Рибата се чисти и се суши (не се додава ништо друго)

2. Солта и белките се мешаат убаво.

3. Тавата се премачкува со слој од смесата, се поставува пастрмката и внимателно се покрива со смесата од сол и белки.

4. Во загреана рерна на 200 степени се пече 30-35 минути.

5. Се остава малку да се излади, а потоа внимателно се крши и се лупи…

Ќе се изненадите колку е вкусна, а притоа несолена. 

Додатоци можете да користите како ви е желба, но ви препорачуваме прво да ја пробате натур-печена. 

Ние додадовме специјално приготвен додаток од маслинка по првичната натур проба.

Додаток од маслинка

1. Во тавче се става маслиново масло, путерот и ситно исецканите маслинки (најдобро е да бидат мелени или истолчени)

2. Се пржат на тивко, а потоа се додава сол, бибер и лук.

3. На крај се додава и вино, кое малку се зоврива за да се згусне.

Прекрасен додаток за секаков вид на риба!