Дадете ѝ добро триење на табаните

Не размислувајте плитко и направете го тоа. Не за друго, него после ќе биде „табани мед да лижеш”, а и башка ќе имаш лице да побараш ферски реципроцитет. 

 

Чекор еден: Загревање
Ставете перниче на вашиот скут и поставете ја нејзината нога. Вметнете ја вашата дланка под нејзината нога со што ќе ја фиксирате петата. Со другата рака нежно ротирајте го стапалото, три пати во насока на стрелките од часовникот и три пати обратно.

 

 

 

Чекор два: Удрете на сводот
Употребете некоја крема која ќе служи како медиум. Ставете ги палците во средина на центарот на сводот од стапалото. Со аплицирање на благ притисок почнете да правите мали кружни движења, со десниот палец во насока на часовникот, а со левиот обратно. Правете го ова 30 секунди.

 

 

Чекор три: Третирање прстиња
Употребете го палецот и показалецот од едната рака и нежно притискајте и прстите почнувајќи од големиот и завршувајќи кај малиот. Потоа, само со палецот правете мали кружни движења под секој од прстињата во времетраење од 10 секунди, но овој пат по обратен редослед.

 

 

Чекор четири: Мазнење на табан
Почнете од перничињата на стапалото и правете циркуларни движења со двата палци (десниот во насока од часовникот, левиот обратно) и движете се полека надолу со постепено покачување на притисокот како стигате до петата. Завршете со средниот прст и палецот така што нежно ќе го притиснете вдлабнувањето на ахиловата пета во времетраење од 10 секунди (некои сметаат        дека тоа најдобрата ерогена зона).