Како се ткаеше „Критична маса“

Со формирани и извозени девет претходни собири и десетиот кој што ѕирка наредната недела, точакољупската маса во Скопје покажува дека може да се активира за почисто Скопје, поздрави скопјани и повеќе насмевки. Погледнете го краткото филмче „На улица #На точак“ кое ги претставува сите претходни критични собири, а беше промовирано на конференцијата за социјални медиуми и активизам Engage. 

Она што сега само на нас останува е да изградиме што поголема точакољупска маса која секојдневно ќе весла низ нашите улици до почисто Скопје и поздрави граѓани.

Следната Критична Маса #10 ќе се одржи оваа недела на 27 февруари, а овеќе детали околу собирот може да прочитате на официјалниот блог.