Полски freeride на Татра од 1932

Делови од полскиот филм „Бело стопало“ од 1932 година. Психологијата на најфината зимска активност е целосно иста и денес. Уживање во природата, скијање во длабок снег, скокчиња и зезање со другарчињата, малку туринг, снимање со ретро GoPro, тука се и бачилата каде може човек да се одмори и сонча, нешто да ксне. Имаше и некоја трка каде еден од нив падна па се налути, ама тоа е, кој губи има право да се мршти.

Инаку филмот е сниман на полскиот планински масив Татра и во 1932 година ја претставува Полска на Првиот Интернационален Филмски Фестивал во Венеција каде освојува награда за најдобра фотографија.