Кој појадува е попаметен и послаб (инфографик)
Инфографикот јасно ги покажува повеќестраните полезности и бенефиции од утринскиот појадок: побрз мозок и поздрави навики за јадење во останатиот дел од денот!
Доколку сте се чувствувале одлично и продуктивно во текот на работниот ден со голема сигурност може да се претпостави дека сте доручкувале. Појадокот од секогаш го биело добар глас, а сега и науката ги потврдува зборовите на старците. Овој оброк не само што има потенцијал да ве направи поздрави, тој има потенцијал да ве направи и поефикасни во размислувањето со што ви дава поголема мозочна моќ во текот на денот.
Огромен дел од луѓето веќе добро знаат дека треба да не го испуштаат појадокот, но сепак на многу од нас не ни е гајле за истиот. Всушност, помалку од половина го консумираат најважниот оброк во денот.
И зошто точно треба да појадуваме? Многу е просто, на нашиот мозок му се потребни нутрициенси по сабајле за да тој си ја врши неговата работа. Доколку го оставите (мозокот) да чека до ручек тој нема да може да си ги заврши обврските лесно. Голем дел од луѓето го знаат ова, но тоа е некако тешко да се имплементира во секојдневието па затоа еве нешто што би можело да ви помогне во променување на однесувањето:
Но, ајде да заборавиме на продуктивноста и работата. Она што го ризикуваме со непојадување е поважно од бројот на свршените работи по сабајле. Дури и да успеете да се избуткате до ручекот без вашиот појадок, вие сте прегладнети и имате поголеми шанси да направите лош избор на храна. Луѓето кои не појадуваат константно јадат храна која е лоша за нивното здравје во текот на денот. И, немој да мислите дека ако го избегнете појадокот ќе симнете некое кило од вашиот задник. Тие калории што сте ги прескокнале и тоа како ќе ги надокнадите во текот на денот.
Затоа размислете околу појадокот како оброк малку повеќе и погледнете некои здрави препораки за најважниот оброк во денот во целосниот инфографик подолу.