Ако можам јас, многу веројатно е дека... може секој :)

Благо “лудило” и малку Софи, како зачин за јак тренинг

Се вежба 60-70 минути, без престан. Да, буквално без престан 🙂

Почнуваме со благо “џогинг” и кик загревање во времетраење од 10 минути. Се трча и скока, и се вклучуваат основните кик елементи со раце и нозе на секоја страна по две серии од по 8.

Следува, интензивен кардио интервал:

Трчаме и правиме скок-склек комбинации во времетраење од 2 минути, кое го повторуваме два пати… Вистински шок за вашето тело…Вистински енергетски бум.

Следува, интензивен кик интервал:

Се прават комбинации од удари со раце и нозе на секоја страна пооделно во серии од по 8. Секој елемент се додава одделно, се дури комбинацијата не стигне до 8 елементи. Целата комбинација, како кореографија се повторува 8 пати.

И така на лево и на десно, а во центар чучњеви и “marine” скокови.

Следува интензивен кардио интервал:

Повторно трчаме и додаваме спринтови и склекови ииии… уфф се што е горе доле и скок 🙂

Следува интензивен кик интервал:

Повторно комбинации од удари и со раце и со нозе.

Пауза… Ма неее, нема пауза!

Следува степ дел:

Скокаме и трчаме и врз и преку степерот во времетраење од 10 минути.

Стигнавме до удари во вреќа, но само со нозе, сепак сме дами 🙂

Удари на вреќа со секоја нога по 8, повеќе различни видови.

И за крај, стомачни… вклучуваме и топки и правиме комбинација како пилоксинг, нешто меѓу пилатес и бокс… а сето тоа врз степер…Ја држиме топката меѓу нозе , за да бидат поефикасни стомачните вежби.

Тегнењеее…

Честитки и пофалби и бодрење за нареден тренинг 🙂