Кафенцето кое ќе ве спаси од дијареја

Жештината и пробиотиката не се снаоѓаат баш најдобро во заемна комбинација па затоа сите затоплени продукти кои имаат вакви микроорганизми стануваат малтене стерилни од овој тип на полезни микроби. 

На другата страна пак, бидејќи генетиката и чудата тотално си одговараат научниците изнајдоа начин како да пиете жешко утринско кафе, а да ги внесувате овие микро „животинки” кои ќе ве спасат од нередовните посети на тоалетите.

Пробиотичните микроорганизми се клучни за здрав дигестивен тракт и добра, редовна столица. Живите бактерии кои се жители на млечните продукти во нашиот фрижидер им помагаат на нашите црева со тоа што се борат со непожелните натрапници и нè оставаат со чиста дигестивна флора.

Тие може да превенираат нелагодности во стомакот, киселини, инфекции, а според нови истражувања тие може да помогнат и во борбата со грипот.

Но, бидејќи тие се лесно уништливи под дејството на топлина, сите продукти кои се загреваат, како млекото, сирењето, урдата итн. стануваат сиромашни со овие бактерии. Затоа научниците од Ganeden Biotech успеаја да модифицираат бактерија која има пробиотски карактеристики и може да издржи топлина, и притоа да ја вметнат во филтер кафе.

Пробиотикот GanedenBC30 е вметнат во филтер кафе кое сега се продава од компанијата Tipton Mills и содржи 10 пати поголеми количини на култури од регуларниот јогурт. Тие имале вистински предизвик да создадат култура на бактерии која ќе може да ги издржи деструктивните ефекти на жештината врз овие организми.

Бактеријата кои тие успеале да ја создадат е спорогена што значи дека кога таа е во средина во која има отсуство на потребните материи за живот (како во филтер кафето) таа е во вид на спора, односно е обвиткана од цврста капсула и е неверојатно отпорна воедно и на жештина. Кога ќе дојде во дигестивниот тракт таа преминува во нејзината вегетативна форма и започнува да живее и ги врши сите свои функции.

Со ова консументите на ова прво пробиотско кафе покрај сабајлечкото освестување добиваат и доза на дигестивни олеснувачи. Иако компанијата срамежливо го претставува нивниот продукт и како засилувач на имуниот систем тоа се уште останува докажано само со други два вида на бактерии, Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium bifidum, а не и со овој.