Не биди точак, вози се на точак!

Се извозе и 9-тата Критична Маса која има за цел да ја подигне јавната свест на граѓаните на Скопје и Македонија за еколошките проблеми кои го засегаат секој, а на централно место, нормално, беше велосипедот кој има потенцијал да ги промени работите доколку самите ние почесто го користиме како наше основно превозно средство во градската џунгла!

Во иднина сакаме масовност, сакаме поголема енергија и поддршка од граѓаните на сите градови! 

Благодарност до Д`Џон кои ни дозволија нивната музика да ги долови моментите!