GRAND PRIX CROATIA - HRVATSKA
На Абдурахим Идризи повторно му успеа!
На еден од најголемите меѓународни карате турнири “GRAND PRIX CROATIA”, кој се одржа од 19-20 јануари 2013 година, минатогодишниот победник Абдурахим Идризи успешно ја одбрани титулата.
Балканскиот првак на овој престижен турнир уште еднаш докажа дека неслучајно победува, каде и по 5 одлични борби без загубен поен ги совлада своите противници.