Набустан Мерлот

Сите знаеме дека виното, особено црвеното, од било која сорта е супер пијалок за нашето целокупно здравје особено поради анти – оксидансите. Епа еден австралиски научник тврди дека успеал неговото вино да го збогати со повеќе анти-оксиданси, а притоа да не влијае врз вкусот на виното.

Австралискиот научник Грег Жардин ја подржува страната која верува дека виното е магичниот пијалок кој може да делува врз лекување на многу болести и состојби. Тој во неговите истражувања успеа да издвои група на анти-оксиданси кои нормално се создаваат во процесот на правење вино, но само во мали количини и да ги реплицира со тоа што неговото вино станува далеку побогато со овие супстанци.

Тој тврди дека неговото вино може да послужи како моќен тоник кој може да лекува состојби како артритис, хроничен замор и разни инфламаторни состојби.

Анти – оксидансот за кој најверојатно зборува Грег, се мисли дека е ресвератролот, кој е моќна природна состојка во грозјето, но се јавува само во мали количини при процесот на стасување на виното.

Научникот тврди дека оваа состојка успеал да ја доведе до концентрација која има способност да направи некакви позитивни промени во човековото здравје и сето тоа е направено по природен начин.

Претходните обиди виното да се преоптерети со било какви анти – оксиданси најчесто завршувале неуспешно со тоа што вината станувале невкусни. Сепак, Грег пронашол начин како неговото вино да го направи побогато без да му се сменат вкусот и карактеристиките.