Малку сок во шеќерот

Постојат многу начини како да претерате со дневниот внес на шеќери, а докажано е дека во просек тоа најмногу се прави преку пиење на разни вештачки сокови. Не е ни чудно поради тоа што во нив има малку сок во шеќерот.

Напивките како разни сокови, засладени чаеви и благо кафе се важни промотори на лошото здравје, а сè побројни студии покажуваат дека претераното внесување на овие пијалоци ги зголемува шансите за дијабетес тип 2 и други здравствено несакани состојби.

Проблемот со нив е тоа што тие не ве спречуваат да консумирате други јадења туку доаѓаат како пропратен елемент на трпезата. Затоа луѓето често претеруваат со внесување на шеќери, а не се ни свесни за тоа. Вториот момент е тоа што не е лесно да се изедат 15 лажички шеќер на суво, ама лесно е да се испијат. 

Најбрзиот начин на справување со овој проблем е едноставно да престанете да ги пиете шеќерите.

Префрлете се на пиење горко кафе и чај, а купечките сокови сведете ги на минимум. Водата нека ви биде главен начин и извор на свежина. Доколку продолжите да ги пиете напивките богати со шеќер вие нема да можете да се направите подобар однос со сите други извори на шеќер, односно нема да можете да се откажете, бидејќи тоа делува како фикс.

Еве неколку причини зошто треба да го направите тоа!

1. Подобро е за вашето дентално здравје.
На стоматолог знае да биде и скапичко, па избегнувајте ги овие засладени пијалаци и намалете ги не толку посакуваните дентални посети.

2. Ќе спречите дебелеење.
Доколку сакате да направите било каков напредок во скратување на некое кило ова е прво на листата што треба да го направите. Диеталните сокови иако имаат помалку калории, тие сепак ќе ве мотивираат да каснете уште нешто.

3. Подобро е за вашето психичко здравје.
Огромните количини на засладени пијалаци никогаш не биле добри по менталното здравје на човекот. Тие можат да ви направат проблеми со контролирањето на емоциите, влијаат врз перцепирање на работите, а не ретко го нарушуваат вашиот сон. Затоа, намалете ги и бидете на раат.