Конечно, диета што ти вика да јадеш повеќе

Веќе преку глава од сите тие рестрикции. Не јади ова, денес не пиј ова, не троши струја итн. итн. Направете промена и ослабете со ждерење!

Скоро сите диети се базирани на некакви рестрикции и забрани за внесување на храна како квантитативни така и квалитативни. Но, познатиот нутриционист Кери Гласман вели дека е време луѓето да се сконцентрираат на она што треба да го јадат, а не на она што не смеат.

Според него главниот проблем на диетите е тоа што тие наметнуваат негативен став спрема работите. Секогаш нешто е забрането и луѓето се сконцентрирани на тоа. Но, што доколку го промените ставот и почнете да размислувате на работите што може и треба да ги јадете? Тогаш се чувствувате попозитивни и мотивирани во врска со тоа што го правите.

„Јадете повеќе, не помалку” е првото од осумте правила за губење на тежина на здрав начин според новата книга на Гласман, The New You (and Improved!) Diet. Концептот е следен: доколку јадеш здраво и она што треба да го јадеш, можеш да навалиш колку ти душа сака наместо да броиш калории.

Книгата ја има на Амазон и чини некаде 15 долари. Па ајде луѓе, спрегнете ги вашите кредитни картици и пинови.