Дали Банско претера со цените за ски – карта?!

Наместо да идеш на скијање на Алпите во Италија и Австрија, појди во Банско. Барем ски – картата ќе ти биде по иста цена.

Цената на сезонската ски карта во Банско за 2012/13 ги шие австриските ски резорти во областа Тирол и успеа да се израмни со сезонскиот тикет на центрите на Доломитите (италијанските Алпи). Со ова бугарскиот ски центар отстапува со далеку повисоки цени од поголемите и утврдени ски центри низ Европа.

Досега, во последните неколку години цените во пиринскиот ски центар беа константни, но оваа сезона концесионерот на овој резорт реши да ги покачи цените. Покачувањата за дневните и месечните карти се минимални, од 55 на 58 лева за дневна карта, од 311 на 327 лева за 6 – дневна и од 599 на 627 лева за 13 – дневните.

Но, вистинска отстапка Бугарите направија со драстичното поскапување на сезонската ски карта која од 980 лева скокна на неверојатни 1450 лева (околу 740 евра). Со ова, сезонската ски карта во Банско успеа да биде поскапа за 11,5% од цената во цел Тирол, Австрија.

Во овие тешки 747 евра скијачите и бордерите ќе ги имаат на располагање гондола, 9 лифта и 68km на падини во рок од четири месеци. Само за компарација, во Тирол со купената сезонска карта која е 670 евра добивате 86 различни ски центри каде можете да скијате на вкупна расположлива скијачка должина од 4,000km. Згора на сè, таму добивате и многу подолга ски сезона која трае пет до шест месеци.

Во споредба пак со Доломитите, тие нудат скоро иста цена на сезонските карти од 770 евра во која се вклучени 12 ски центри и 1,200km скијачки писти.

Сепак, Банско останува магнет за туристи од целиот свет бидејќи сите останати работи се чинат неверојатно ефтини!