Новите аnon-ки

Бренд детенцето на Burton специјализирано за ски и сноуборд акцесории, anon. повторно се враќа на сцена со промовирање на одлична лепеза на опрема меѓу кои и нивниот најсилен адут anon. M2.

Во 2012 одборот на Burton реши да направи измена во структурата на брендовите кои се под нивна капа, Analog, Gravis, RED, anon и останатите, па беше донесена одлука компанијата која ќе биде главна во продуцирање и дизајнирање на заштитна опрема и оптика да биде anon. Најголемиот дел од кацигите и скијачката оптика ќе биде продуцирана токму од оваа фирма, која низ времето стана синоним за квалитетни скијачки додатоци.

Во стартот на 2012, anon. нè изненадија со quick-change goggle lens технологијата на скијачките наочари anon.M1, но на есен 2013 планираат на пазарот да ја претстават новата верзија anon.M2. Серијата М ја вклучува новата технологија на магнетно носена леќа која овозможува лесно и брзо менување на истата при било какви промени на временските услови. Новата маска ќе биде во главно слична на својот претходник со иновативната магнет технологија, но ќе има мали промени во својот дизајн и една клучна измена.

Рамките ќе бидат 3mm повисоки од М1, значи 96mm, и ќе го имаат едноставниот и rimless изглед. Осум магнети ќе ја обезбедуваат леќата во своето лежиште, а едноставно завртување на рамката овозможува вадење и менување на леќата. И најјакиот момент што ќе го има М2 (или кикерот на цела оваа збрка) е тоа што леќата ќе можете буквално да ја фрлите кон маската, а магнетите ќе го направат остатокот од работата. Така да, нема веќе замарање со промена на временски услови. Ја вадиш старата леќа, и ја фрлаш новата на место.

 

Колекцијата А2 е исто така планирана за 2013/14. Оваа колекција ќе се врти околу перфектната интеграција на кацигата и маската што ќе биде олеснителна околност за сите оние кои не сакаат да се замараат со бркање на производи што меѓусебно ќе си одговараат (од стилски и технички аспект). Сите продукти од оваа колекција ќе пасуваат перфектно еден на друг, односно секој шлем ќе биде така дизајниран за да може без никаков проблем на него да се вметнат anon. скијачките маски.

 

 

anon. M2

 

The A2 Collection