Биди мрза на баскет

За сите оние кои се доволно мрзливи во баскет или пак често ги малтретираат дечурланата од маало додека шутираат со познатата „дај, дај ми ја топката да не се мрднам од позиција“ божем толку добро им тргнал шутот па да не си го расипат комбото…

Се вика SKLZ Shoot-Around – Basketball Ball Return Trainer односно некако преведено ќе му дојде „невидливиот тренер (или дериште) кој ти ја враќа топката“ без ти да се мрдаш од позиција.

Направава всушност е пластична цевка така издизајнирана што се прикачува на мрежата од обрачот и по дифолт ги враќа топките каде им е наредено да се вратат, користејќи проста физика. Направата може да се ротира 180 степени и со тоа можеш да си ја испрограмираш каде сакаш да ги враќа топките.

Ова треба да значи повеќе шутирање бидејќи трошиш помалку време на бркање топки, но само ако не си доволно труп па да не можеш да го погодиш кошот. Е тогаш ем ќе трчаш, ем помалку ќе шутираш а и ќе имаш дадено пари за пластикава.

Како и да е, интересно изумче што ќе ти го направи баскетот интересен и додека си сам.

А еве ја и инспирационата трака која е далеку подобра од видеото за направава