Мојата трансформација

Се сеќавам кога првпат почнав да вежбам и беше пеколно кога сакав да изградам нешто лично на себе.Не знаев ништо за нутриционизмот камоли што треба да внесам.Имав интернет и знаев англиски многу добро,па не ме мрзеше да пребарувам како да добијам резултати и како да стопам салце.Мојата авантура со бодибилдингот почна некаде на 17-18 години се затрескав многу во една згодна девојка и бидејќи ме одбиваше мислејќи дека изгледот ме прави попривлечен(тоа е голема грешка иако спортувањето сепак е многу добро за подобрување на самодовербата).Почнав прво со исхраната се ставив во ред разбрав кој храни ме правеа да бидам дебел кој храни ме правеа да добијам мусулна маса.Така истражувајќи дознав дека најголем причинител за моето дебелеење е белиот леб,брзата храна и шеќерот.Направив веднаш промена наместо бел леб почнав да јадам мусли,наместо брза храна земав со себе некој грицки како кикирики,фстаци или било кој семки кој имаат некоја хранлива вредност и витамини(мастите не се штетни од семките затоа што имаат монозаситени масти П.С за нив ќе збориме во друга прилика).Каква промена имаше за 3 месеци со активно вежбање симнав 30 кила.Се сеќавам дојдов последната школска година истониран и исушен 30 кила е голема промена.Но бев многу активен вежбав бодибилдинг во тогашната Анастасија и трчав плус.Стигнав некаде до 82 кила.Сликава е доказ на тоа

Но не се чувстував нешто многу полн со самодоверба сакав да бидам супермен не сучкамен.BTW бев вегетаријанец 1 и пол година,сестра ми го покажа видеото на пета и неможев се згрозив.Почнав пак со тренинг видов дека неможев без месо,па се вратив на старата исхрана.Ги поделив оброците на 5 сакав да добијам квалитетна мускулна маса.Читав за тоа,другар ми помогна околу исхраната и вежбав 1 година активно.На крај резултатот беше сликава.

Вежбав со многу големи тежини.Јадев чисто и здраво.Тоа е исчистено 92 кг најголема килажа што сум било 110 и кога кратиш на калории секогаш сакаш да изгледаш што е можно почисто и дефинирано.Но поради многу обврски со факултетот го баталив вежбањето и неактивно вежбање 3 години станав 115 кг.Минатата година бев буцко прав хихи.

Бидејќи беше лето и сакав нов почеток решив да се вратам пак.Најдов која е најблиската теретана клуб фит и почнав да вежбам.Ми кажуваа триста глупости што треба почетник да вежба,јас им реков батка погледни ја сликава погоре,ако некој знае што да прави тоа сум јас.Се карав со нив за програмите што ги даваат и зашто се не ефективни.Почнав да вежбам со интензитет супер сетови,такво вежбање беше нечујно за нив.Ќе се повредиш,почетник си не знаеш што правиш тоа беа нивните зборови,на кој јас ставив mute и си терав така 6 месеци дур немав финансии и почнав дома да вежбам.

Тука сум некаде 100 килограми.Мрсничок сум си признавам .

Се вратив дома почнав да барам на интернет за вежбање дома програми.Имав тегчиња од по 8кг,но искрено мислев дека нема да направам ништо со нив.Случајно на интернет пребарав за Insanity ја слушнав преку реклама.Ја видов и ептен ми се засвиѓа.Insanity е баш лудило вежбање во превод,тоа е интервали вежбање но со максимално оптеретување.Целта му е да стопите колку е можно повеќе калории во тие 30-60 минути активност.Јас знаев што е тренинзи со висок интензитет ТСВИ да го наречеме и го практикував ама не со толкав интензитет.Кога почнав немав здив неможев скоро ниедна вежба да правам.Првите два-три месеца не ја следев нешто програмта,исхраната не ми беше нешто посебно средена,имаше резултати но сепак не бев нешто задоволен.Тоа што добив од програмата е кондиција голема заради преинтензивното кардио.После 2 месеци видов дека се организира скопскиот маратон и се вклучив во него активно вежбав 3 недели.Мислев дека нема да успеам зашто никогаш не сум издржал 21 км највеќе што сум истрчал било 10 км никогаш 21.

Го истрчав полумаратонот за 2часа и 3 минути некаде.Бев задоволен со мојот успех,секој човек треба да го гради телото,духот,кондицијата и сите атлетски перфоманси.Не ме разбирајте погрешно но големи мускули нема никаде да ви помогнат во реален живот.Повеќе би препорачал некој да почне да вежба јога отколку да има напумпани мускули што не служат за ништо.

Тука сум горд на својот успех и секако се мотивирав да достигнам уште подлабоко.Бидејќи тој тренинг за маратонот ми помина почнав да се фокусирам на градење на убаво тело за на на плажа.Беше мај уште два месеци и доаѓа лето требаше нешто да имам на себе за да ги импресионирам женските .Па почнав од циклични диети и новата програма на Insanity Asylum да ја вежбам но никако да дојдам до тоа што го посакував.Да ми се гледаат барем некој дел на стомачните.Верувајте дека тоа е најтешкиот дел од било која програма и се доаѓа до исхраната,треба да симнеш под 10% телесни масти за да се гледаат моментално сум 12 %.

Па почнав активно да вежбам,да намалам на исхрана и тешко успеваше да стигнам до тоа што сум сега.Било која исхрана да ја следите и функционира за вас не ја менувајте,секако за да видите резултати ви се потребни од 3-6 месеци за да можете да изгледате убаво и да се чувстувате убаво.Секоја програма и било кое вежбање ако ве прави среќен и го следите тоа и верувате дека тоа е најдобрата програма за вас,следете го до крај.Не менувајте за никој и ќе постигнете резултати.Здравјето не се купува верувајте и секогаш ставете го на приоритет.Секогаш имајте план за тоа што правите дали е вежбање,дали е искачање надвор со некоја згодна девојка,работа и исхрана.Балансирањето е тоа што секогаш треба да ви е приоритет и никогаш другите да не дозволувате да ви се мешаат во вашиот избор затоа што најважни во светот сте вие па после се друго.Секако советувам да бидете на здрава исхрана,не на брза храна затоа што ќе ве зачува од идење на доктор и забар.Шеќерот предизвикува кариес,а брзата храна висок притисок,дебелеење и холестерол.Сировата храна го балансира тоа и јадењето на житариц,мешунки,јатки,семки,месо(пилешко и риба) го даваат поголемиот бенефит од сите други работи во животот.Од кога почнав да вежбам активно и да се хранам здраво можам да направам се да имам време за сите драги луѓе и секако да уживам во тоа.За на крај да изгледам ваков да жртвував многу но бенефициите секогаш ги преминуваат лошите работи.

На крај да станам и персонален тренер на 2-ца луѓе и да почнам да вежбам активно во теретана.Моето мислење се промени кога разбрав дека 9 месеци се што сум правел е губење тежина,наместо топење маснотии.Па се вратив пак и на крајот качив голем дел од мускулната маса изгубена.

Моментално сега изгледам вака

Имам стомак сеуште но голем дел од тоа е вода.Тренирам моментално на топење маснотии.Следам калории со апликацијата myfitnespal си купив вага и одлучив да се натпреварувам во Април на такмичење.Иако сум далеку од форма за билдинг натпревар со мојата детерминираност и знаење сепак мислам дека ќе успеам да стигнам до 4-6 % телесни масти.

Оваа статија беше напишана за вас.

Се со цел да не се откажувате од своите соништа и никогаш да не дозволувате да другите ви го диктираат животот.

Бидете одлучни и променете си го животот,секоја промена е добра за вас а бенефициите секогаш ги надминуваат болките,трудот и солзите поминати во градење убаво тело.

Тоа е се до мене и се надевам дека ќе размислите да отидете во теретана и да почнете да вежбате лично за вас.