Чиа семиња:Античката храна на иднината

Малкумина слушнале за ова семе но тоа се користело уште во 3500 година п.н.е од Ацтеките и Маите како основен ресурс за енергија и издржливост, особено кај војската.

Неговата употреба како за високо издржлив енергенс биле толку користени што на крај се користеле како еден вид на пари,зашто ова мало семче има многу хранливи и структирни вредности.Многу малку се знаае за нив,но семињата чиа имаат исто така и медицинска и хранлива вредност правејќи ги супер храна.

Едно од најбитните квалитети на чиа семињата е екстремно добрата апсорбција на водата имајќи ја способноста да апсорбираат дури 12 пати од нивната тежина во вода.Нивната способност да задржуваат толку многу вода дава способност да го зголеми времето на хидратација.Со чиа семињата,ја задржувате влагата во организмот;регулирање за поефикасно апсорбирање на хранливите материи и телесните течности.Заради големата ефикасност од искористувањето на телесните течности,балансот на електролитите се задржува.Покрај тие предности,кога се накиснуваат 30 мин чиа семињата формираат цврст гел.Тој гел исто така се формира во стомакот кога се конзумира.Научниците веруваат дека тоа покажува дека на некој начин го забавува процесот на дигестивните ензими да го претворат скробот во глукоза,правејќи го полезно за дијабетичарите и за сите луѓе со проблеми со шеќерот во крвта.Тој процес на забавување на претварањето на јаглехидратите во глукоза креира способност за издржливост.Јаглехидратите се енергија за нашиот организам,нивното одложување во глукоза ги стабилизира метаболичките процеси,избегнувајќи ги јо-јо ефектите и инсулинскиот глад што го чувстувате кога конзумирате висок гликемичен јаглехидрати.

Чиа семињата се околу 20% протеин.Тие се дигестираат и апсорбираат многу лесно.Со тоа се добива брз транспорт до клетките и негова апсорбција од клетките.Оваа ефикасна апсорбција ги прави Чиа семките многу ефективни кога се случуваат енормни промени во клектите особено во период на раст.Тоа исто вклучува и регенерација на мускулни влакна за кондиција,атлетизам,дигање терет и друго.

Зборот чиа е добиен од Азтецкиот збор чиан,што значи маслен.Друг единствен квалитет на Чиа семето е големото количество на масти.Чиа семињата се еден од најдобрите извори на омега-3 масни киселини;Тие имаат повеќе омега 3 масни киселини од било кој друг растителен извор.Повеќе омега-3 имаат од лососот.Има 10 пати повеќе масло од повеќе зрна и 1 и пол до 2 пати повеќе концентрација на протеин од другите зрна.Тие масла,незаситени масни киселини,се есенцијални масла што твоето тело му требаат и се потребни за емуглирање и апсорбирање на витамини растворливи во масти:А,Д,Е и К.

Има милион начини како да се вклучи чиа семето во вашата исхрана.Чиа,како состојка е сон на секој што држи диета.Чиа семињата се популарни за губење маснотии.Тие го намалуваат желбата за јадење и со тоа го намалуваат вкупниот калориски внес.Оваа способност помага на секој што држи диета.Чиа семињата мора да се приготват со чиста вода пред користење.Тие помагаат на твојата диета со што те прават сит.Тоа е затоа што апсорбираат 12 пати повеќе од својата тежина во вода,формирајќи цврст гел што те прави сит побрзо.Чиа семињата се полни со антиоксиданси и можат да се држат подолг период,за разлика од лененото семе,со што ги прави добра состојка во готвењето,печењето или додавањето во омилениот пијалок.

Како се користи чиа семето?

Користете сирова чиа семе помешано со вода да ги замени јајцата во печените храни како торти или било кое слатко.Ставете 1 лажица од чиа семе во една чаша и додадете 3 лажици вода.Оставете ги состојќите да стојат така 15 минути.1/4 чаша од чиа хидрирани семки е рамно на 1 јајце.Со замената на чиа семиња,вие добивате врзувачките способности на јајцето но без холестеролот или ризикот од болестите на јајцето.

Сировите чиа семиња исто така може да се додадат во вашиот омилен шејк да го згусне и да додаде кремаст вкус во пијалокот додека додаваат добар извор на бавно апсорбирачки протеин.Многу добри вести за атлетичарите е спосбноста да помогне да ги задржи електролитите,добро за маратонците и планинарите.

Додајте ги во вашиот доручек од житарици,овесни снегулки,салати или супи

Додајте ги во мафините,колачите или било кој рецепт за торта

Додајте ги во тестото за палачинките пред да ги готвите.Тие се лесни за дигестирање подобри од ленененото семе и не треба да се мелат.Тоа се многу малку корисни работи за чиата и како да ги внесете во храната,но додавањето на нив е добро заради тоа што имаат многу мек вкус и нема да пречат на било кој рецепт.