Што ни се нуди за десерт на бадник?

Еден од најдобрите начини за да ја победите кризата за благо е да лапнете некоја сушена урма или смоква, но за да го извлечете максималното од сувото овошје во нутритивна смисла треба да внимавате на неколку моменти.

Во својата најчиста форма, сушеното овошје е исто што и свежото овошје на кое му е отстранета водата. Значи изобилува со сите хранливи богатства кои нормално се
содржани во свежото овошје, а некои состојки благодарение на дехидратацијата стануваат уште по концентрирани и попотентни.

Тоа претставува супер извор на витамини и минерали во мало пакување, па затоа внимавајте да не претерате со количините. На пример една сушена кајсија е четвртина од волуменот на свежата, па така можете да изедете многу повеќе, а со тоа и да внесете многу повеќе шеќери.

Додека фруктозата од самото овошје си останува и по обработката и му го дава слаткиот вкус, на некои овошки им се додава екстра шеќер, па за оние кои внимаваат на калориите еве некои типови на сушено овошје кои се често додатно засладувани:

  • Ананас – најчесто е прекриен со шеќер во прав
  • Банана – ова овошје доаѓа во вид на deep fried банана-чипс со додаток на шеќер
  • Брусница – секогаш има додаток на шеќер заради горкиот вкус што го добива по сушењето

Совет: секогаш читајте на задната страна од кутијата и избегнете ги оние производи со додаток на шеќер и адитиви.

Од друга страна пак, сушеното овошје, кога не претеруваме со количините (малку тешко за време на празниците) или го јадеме без додаток на шеќери има огромна нутритивна вредност.

  • Содржи протективни компоненти како фитофеноли, пектини, каротеноиди.
  • Има низок гликемичен индекс, па така помалку ги афектира нивоата на шеќер и инсулин во крвта.
  • Ја подобрува дигестијата и здравјето на гастро-интестиналниот систем (ова особено важи за сушените сливи).
  • Покажува анти-кариес дејство бидејќи содржат шеќери кои бактериите во устата не можат да ги искористат за да предизвикаат кариес.