Кој рече дека не може да се биде фит веган?

Само шест месеци пред да го заврши неговиот прв Ултрамен шампионат, Рич Рол бил со 22kg одвишок на неговото тело и едвај можел да искачи пар скали без да направи одмор. Откријте дел од веганската исхраната која го трансформираше Рич во перфектно фит ултра-човек и го направи еден од 25те најспремни мажи според Men’s Fitness магазинот.

Спротивставувајќи се тотално со право на закоравеното и целосно погрешно мислење дека човек не може да преживее без месо, јајца и млечни производи, Рич успеа и повеќе од доволно да ги обезбеди неговите протеински потреби само со веганска исхрана и да се претвори во т.н. ултра – човек. А воедно и неговиот целокупен начин на живот и тренинг, не само исхраната, го направија еден од најспремните луѓе на денешницата.

Според него, веганската исхрана може да нанесе дефицити и промени во вашиот организам, но доколку правилно ги усмерите вашите оброци и ги внесувате правите работи на дневно ниво, вашето тело ќе биде и повеќе од заситено со потребните материи па макар и да сте на ригорозни тренинзи какви што тој одржува (секојдневно пливање и трчање по неколку километри итн.).

Кој е изборот на протеински растителни продукти кои го одржуваат во неговата фит форма?

 

1. Киноа – Зрната на ова житно растение се одлична протеинска замена за оризот и пастата, послужени со некој друг зеленчук. Тие претставуваат и одличен избор за појадок како житарки комбинирани со ладно млеко и бобинки.

 

 

 

 

 

2. Леќа – Вкусна, богата и лесна за приготвување. Таа претставува одличен извор на растителни протеини и лесно може да се зготви како некоја чорба.

 

 

 

 

 

3. Темпех – Ферментираниот соја продукт претставува поздрава и далеку повкусна форма на соја од неговиот братучед, тофуто. Со темпехот може да се направат најразлични веге – бургери.

 

 

 

4. Сејтан – Сејтанот е одлична алтернатива за месните производи и тофуто, а се добива од глутен, главниот протеин на житото. Нуди огромни количества на протеини.

 

 

 

5. Грав – Еден од најдобрите растителни извори на протеин кој може да го готвите и консумирате на различни начини.

 

 

 

 

 

6. Спирулина – Сино – зелената алга ги содржи сте есенцијални аминокиселини. Таа содржи 60% протеини и со тоа е најбогатиот протеински извор од сите растителни продукти.

 

 

 

7. Семки од коноп – Тие содржат одлично избалансирани омега – 3, омега – 6 односи и претставуваат одличен извор на протеини.