Следи го Дакар 2013

Најпознатото off-road рели Дакар стартува денес во неговото 35-то издание кое ќе се вози на јужно-американскиот континент низ бруталните терени на Чиле, Перу и Аргентина.

По петти пат релито ќе се вози на јужно-американско тло бидејќи од безбедносни причини во 2009 година беше преместено од афричкиот континент каде се одржуваше цели 28 години. Вкупната должина на релито ќе биде 8,400km кои ќе се возат на 14 различни етапи од Лима до Сантијаго притоа поминувајќи ги Андите и дел од пустинските предели на Аргентина.

На релито ќе настапат 450 возила распределени во различните конкуренции, а за безбедноста на натпреварувачите и гледачите ќе се погрижат 150 лица како и 60 доктори и хирурзи. 

Стартот е закажан за денес, 05.01.2013 во 11:40 (ГМТ -3), а покрај следењето на Дакар на ТВ, гледачите детално ќе можат да се информираат за настаните и трките за секоја наредна (и претходна) етапа на официјалната страна на Дакар 2013 каде ќе бидат изнесени сите бројки, настани и вести.