Златниот Цепин – Piolet d`Or 2012

Како пандан на Ballon d’Or од алпинистичката и планинарската гледна точка на годишно ниво се доделува Piolet d’Or. Исто така француска спортска награда која се доделува за најдобрите алпинистички достигнувања.

Златниот цепин (цепин е вид на алпинистичка секира), е манифестација организирана од францускиот алпинистички магазин Montagnes, а наградата се доделува на експедицијата која успеала да искачи некој од алпинистички најтешките врвови. Piolet d`Or се доделува од 1991 година.

Номинирањето и доделувањето на наградата е подлегнато на бројни критериуми кои искачувањето треба да ги исполнува како техничките карактеристики на изведбата, посветеноста, респектот спрема планината, оригиналноста на стазата што се искачува како и самиот начин на изведба.

Иако самото доделување на оваа награда низ годините е проследено со бројни контроверзии заради критериумите кои треба да се исполнат, Златниот Цепин е значајно достигнување во светот на планинарењето и алпинизмот.

Златните Цепини за 2012 беа доделени на две различни експедиции, K7 West во Пакистан искачена од Словенците Nejc Marcic и Luka Strazar и Saser Kangri II во Индија искачена од Американците Mark Richey, Steve Swenson and Freddie Wilkinson.

Погледнете ги видеата од исклучителните алпинистички достигнувања за 2012 година.

K7 West