Афродизијак за вечера – либидо за цела ноќ

Колку за промена, легнете си задоволно изморени, а разбудете се насмеани и полни со енергија. Не за џабе афродизијаците ги бие добар глас, особено за пред спиење.

Бидете здрави, јадете вкусно и имајте добар и редовен секс. Еве неколку намирници кои не би било лошо да ги вклучите во вашето вечерно мени. Малку повеќе „скијање на чаршафи” нема да ви биде на одмет.

 

 

Чоколадо
Богато со теобромин кој што пак го стимулира лачењето на „среќните” хормони серотонин и допамин. Вклучете ги темните варијанти на чоколади, кои што се богати со овој и мноштво други антиоксиданси.

 

 

 

 

 

Аспарагус
Еден англиски ботаничар уште во 17тиот век запшишал дека аспарагусот знае многу добро да ја разбуди страста меѓу мажот и жената. Овие секси стапчиња содржат одлични количини на калиум, витамини B6, C и А, како и фолна киселина која помага го лачењето на хистамин, медијатор потребен за достигнување на оргазам.

 

 

Бадеми
Низ историјата бадемите биле посочувани како симболи на плодноста. Постои нешто многу специфично (и се уште недокажано) во аромата на бадемите што ја подига пасијата кај жените. Тие се богати со здрави масти, витамин E и и магнезиум што ве прават поздрави и ве тераат да не застанувате…

 

 

 

Остриги
Овие мекотелци се класичниот пример за афродизијачка храна. Сировите остриги содржат огромни количества на цинк кој ја подига продукцијата на тестостерон, а со тоа и либидото. Тие се исто така промотори на подобро здравје со големите количини на омега 3 масни киселини. Не за џабе Казанова редовно јадел по 50 остриги на ден. Мажиште!

 

 

Банана
Според Хиндуизмот бананата претставува симбол на плодноста. Одличните количини на калиум, магнезиум и B витамини дефинитивно добро ќе делуваат по вашето здравје! Таа е исто така богата со ензимот бромеланин кои се верува дека го подига машкотот либидо.

 

 

 

 

Авокадо
Често поврзувано со машкото либидо. Преполно со здрави незаситени масти, омега 3, фолна киселина и калиум авокадото помага во продукцијата на тестостеронот. Мажишта навалете!

 

 

 

 

 

Босилек
Аромата игра голема улога во стимулирањето на целиот мозок и подигањето на сексуалниот нагон. Босилекот ја подобрува циркулацијата и со тоа се дополнуваат магичните својства на овие ливчиња. Причина повеќе за добро италијанско песто.

 

 

 

 

Кавијар
Надалеку познатиот и екстравагантен кавијар е неверојатен афродизијак. Всушност, сите типови на јајца го зголемуваат либидото, а воедно се и здрав извор на протеини и витамини.

 

 

 

 

 

 

Смокви
Перфектното афродизијачко овошје, а воедно и омиленото на Клеопатра.