Пријателите на Донев

Домашна екстра лимонада

 
  • 4 лимони
  • 1 лајм
  • 1 голема дрвена лажица мед
  • пола китка свежо нане
  • 1 или 1/2 литар слабо газирана вода со вкус на лимон или лајм
 

Подготовка

1. Се мијат и се цедат лимоните.

2. Лајмот се мие и се сецка на помали парчиња.

3. Нането се мие убаво и се кинат само ливчињата.

4. Во бокал се истура цедениот сок од лимон, се додава водата, а потоа лајмот, нането и медот.

5. Со дрвената лажица се меша лимонадата и се остава внатре додека не се стопи целиот мед. 

6. Може да се додаде и лед по желба. 

7. Се конзумира веднаш или се става во фрижидер, 
но лимонадата е најдобра кога е свежа.