Лавовското срце на црвениот бик

Викендов се одржа првиот Red Bull LionHeart настан во trail running (трчање на планина). Инаку ново измислен евент со сосема интересен натпреварувачки концепт и содржина кој има за задача да им ја вади маста на оние кои се нафатиле да го трчаат.

Red Bull LionHeart е настан измислен и создаден од ултра спремниот тркач на планински патеки Ryan Sandes, кој што сакајќи да ги прослави ретките trail running можности што ги поседува неговиот роден град Кејп Таун во Јужна Африка, потпомогнат од Ред Бул ја креира оваа трка. А трката и те како е интересна.

Се одржува на планината Lions Head веднаш до Кејп Таун која се издига 669 метри над морското ниво. Правилата се едноставни. Со било какви герила напори треба да се качиш и симнеш на планината во најбрз можен рок НЕКОЛКУ ПАТИ!

Вака оди редоследот. Најпрво 150те пријавени тркачи трчаат квалификации со цел да се направи една мала природна селекција. Се трча 2,2km долга патека до пола планина и назад, а најдобрите 32 мажи и 8 жени одат во понатамошниот круг.

Следува нокаут фазата каде мажите трчаат во 4 групи од по 8 натпреварувачи, а жените во 2 групи од по 4 натпреварувачки. Со завршување на секоја трка натпреварувачите се преполовуваат, односно најдобрите четворица мажи (односно две жени) одат понатаму. Елиминацијата оди до крај, а со проста математика може да се види дека мажите (оние најјаките) истрчале вкупно четири, а жените два пати во ист ден, угоре – удолу, угоре – удолу….

Финалистите за 2012 (алал им вера) се: мажи, жени.

Кој има волја и надеж, нека се спрема уште од сега за наредна година, а еве и едно мотивационо видео.