Ако Роки го имаше ова

Технолошките придобивки низ годините најдоа место во многу спортови, додека боксот силно си го чуваше ортодоксно во него, исто толку силно колку што може да биде силен еден аперкат на гладно. Но апгрејтот е неизбежен.

Kанадскиoт боксер, електричар и тренер Мајкл Вилијамсон ја скрши бариерата помеѓу технологијата и светот на боксот со неговиот иновативен пронајдок кој помалку или повеќе  личи на оние панаѓурски вреќи кој ви ја мерат силата на ударот.  Според него најголем прогрес и новина во светот на бокот беше воведувањето на ракавиците кој наместо врвки можете да ги прицврстите со чи-чак трака што баш и не претставува голема иновација, па затоа типчево ја измислува Ten Count вреќата за удирање.

Неговиот повеќе од практичен изум претставува вреќа за удирање со сензори кој можат да го регистрираат бројот на удари во дадено време. Податоците кој се собираат се испраќаат до вашиот компјутер или смартфон кој интерактивно ќе ве води низ тренингот.

http://youtu.be/pbfuedKMvBw