Цокули за секого по мерка

Старото суеверие дека кондурите ќе ви станат „тамам“ откако ќе ги оставите 24 часа во фрижидер Fischer го замени со ново. Сега вашите скијачки кондури ги ставате во рерна, некои 10 минути и добивате скоро custom made чевла која сигурно ќе ви биде тамам.

Технологијата Vaccum Fit е иновација на компанијата за скијачка опрема Fischer со која вашите скијачки кондури ќе можете точно да ги моделирате и ускладите со вашето стапало. Збогум на сите непријатности на кои може да наидете со скијачките кондури!

Надворешната пластична обвивка на кондурите е направена од некаква си специјална VACU-PLAST смола и таа најпрвин се загрева во посебен апарат на 80° Целзиусови. Потоа целосно ја облекувате кондурата (сосе внатрешната влошка) и врз нејзе се става специјално воздушно перниче кое врши притисок врз кондурата и ја обликува спрема вашето стапало. За неполни 20 минути имате custom изработена чевла која перфектно пасува.

Бонус: процесот на обликување не е иреверзибилен и можете да направите ремоделација на чевлата до 5 пати во случај на промени во вашето стапало (после скршеници и слично).

Еве како се тоа прави!